19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбрван ги објави ракометарите кои ќе патуваат за Франција и за Катар

Обрван ги објави ракометарите кои ќе патуваат за Франција и за Катар

laatar

Селекторот на машката ракометна репрезентација Ивица Обрван го скрати списокот на ракометари со што се познати 18­те играчи кои ќе настапат на Светското првенство во Катар и ќе бидат во комбинација на турнирот во Франција.

По вчерашниот вечерен тренинг отпаднаа Гоце Ојлески и Никола Стојчевски, додека уште претходно Филип Талевски беше „прекомандуван“ во јуниорската репрезентација.

Ова се 18­те ракометари кои ќе патуваат на СП: Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митровски, Дејан Манасков, Владо Недановски, Златко Мојсоски, Гоце Георгиевски, Ванчо Димовски, Столе Стоилов, Никола Маркоски, Кире Лазаров, Ренато Вугринец, Филип Лазаров, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Ацо Јоноски и Велко Маркоски.

Ракометарите денеска имаат слободен ден, а на 8.јануари заминуваат за Франција, каде во Нант ќе одиграат два натпревара.

Првиот на 9.јануари е против Алжир, а следниот ден во зависност од резултаот ривал ќе ни биде Франција или Аргентина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП