8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАерофлот - 540 летови секој ден

Аерофлот – 540 летови секој ден

aeroflot 353

Руската авиокомпанија „Aерофлот“ го зголеми бројот на превезени патници во 2014-та година за 13 проценти на 23.6 милиони луѓе, рече директорот на компанијата Виталиј Савељев.

Тој на состанокот со потпредседателот на владата Аркади Дворкович прецизираше дека минатата година авиокомпанијата превезе рекордни 23.6 милиони луѓе.

Во текот на новогодишните празници (од 20-ти декември 2014-та до 5-ти јануари 2015-та) компанијата има превезено повеќе од 530.000 луѓе, а реализирани се 4.000 летови, во просек по 540 летови дневно, прецизираше Савељев.

Според неговите зборови, групацијата „Аерофлот“, која покрај истоимената компанија, ја сочинуваат и нејзините независни авиокомпании „Аурора“, „Росија“, „Донавија“, „Оренбршка авиолинија“ и „Победа“, минатата година превезе 36 милиони патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП