Сите модели на паметни телевизори кои „Samsung“ оваа година ќе ги претстави на пазарот ќе бидат врз основа на платфорамата „Tizen“, потврдуваат од корејската компанија.
Тоа е обид за заживување на „Tizen“, а во „Samsung“ се надеваат дека нивната платформа ќе ја прифатат и останатите производители на паметни телевизори, т.е. дека околу неа во иднина ќе се изгради квалитетен екосистем.
„Tizen“ платформата на „Samsung“ многу бавно се појави на пазарот, а засега врз основа на неа се засновани само неколку уреди на оваа компанија – паметни часовници, мобилни телефони и таблети кои не остварија значителен пазарен успех.
Проширувањето во „SmartTV“ сегментот, сметаат во „Samsung“, би можело да привлече и независни програмери да разавиваат апликации за „Tizen“, па така конечно да заживее и оваа платформа.