20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови 485 милиони долари за Snapchat

Нови 485 милиони долари за Snapchat

snapchat 3456

„Snapchat“ на американската Комисија за хартии од вредност (SEC) и пријави нов круг на финансирања со кои компанијата добила 23 нови инвеститори.

Тие вкупно инвестирале 485.6 милиони долари во оваа компанија, чија вредност сега се проценува на повеќе од 10 милијарди долари.

Покрај приватните инвеститори и големите фондови со ризичен капитал, во „Snapchat“ во овој круг, одреден износ вложи и „Yahoo“, дознава медиумската куќа „Bloomberg“.

Во текот на минатата година „Snapchat“ дојде до 200 милиони активни корисници, а започна за прв пат во својата историја и да заработува од продажбата на реклами, кои исто така се доставуваат во форма на пораки кои подоцна исчезнуваат.

Во октомври „Snapchat“ се најде во средината на скандал со истекувањето на пораки испратени во нивната мрежа преку надворешни апликации, но тоа најверојатно воопшто не ги загрижи инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП