4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајмногу жалби за злоупотреба на личните податоци на Фејсбук

Најмногу жалби за злоупотреба на личните податоци на Фејсбук

facebook-phone3

Граѓаните минатата година најмногу се жалеле за злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи, односно за креирање лажни профили на „Фејсбук“ или, пак, дека профилите им биле хакирани. Во текот на 2014 година Дирекцијата за заштита на лични податоци примила вкупно 370 претставки за злоупотреба на личните податоци, од кои 341 се завршени, а 29 се во тек.

Во споредба со минатите години се бележи намалување на бројот на претставките. За споредба во 2013 до ДЗЛП биле доставени 404, во 2012 – 385 итн. Според анализите направени од Дирекцијата, намалувањето на бројот на добиени претставки се должи на зголемување на јавната свест за постоењето и значењето на правото за заштита на личните податоци.

Од 1 јануари до 30 декември 2014 година, Дирекцијата примила 370 претставки, од кои 126 за креирање лажни профили на Фесјбук, 51 за злоупотреба на лични податоци од органите на државната управа, 45 за хакирани профили на Фејсбук, 24 за злоупотреби на интернет, 13 за видео­надзор, 10 за креирање лажен профил на Фејсбук за малолетно дете и исто така 10 за другите социјални мрежи. Останатите претставки се однесуваат на злоупотреба на личните податоци во други сектори и области, меѓу кои има јавни служби, банки, штедилници, во делот на електронските комуникации, вработување, правосудство итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП