2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии од новата BMW Serieѕ 7

Први фотографии од новата BMW Serieѕ 7

b7mw

Во пресрет на Новата година на Интернет се појавија првите фотографии од „BMW Serieѕ 7“ зa 2015-та година без камуфлажа.

Старата, 2014-та година ја испративме со најавата на роботизираниот автомобил на „Mercedes“, а веќе во Новата можеме да видиме како ќе изгледа новата топ лимузина на конкурентскиот „BMW“.

b7mw1

На првите фотографии се прикажани детали од надворешноста на дизел моделот „730d“, a имаме и можност да погледнеме и во кабината на ова возило.

„BMW“ на предниот дел примени дизајнерски решенија кои веќе ги видовме на новите генерации на моделите, како што се „Seriеѕ 3“, „X5“ или „X6“.

b7mw2

Маската на ладилникот е помасивна и поистакната отколку на актуелната „седмица“, додека фаровите се потенки и визуелно се споени со рамката на маската. Новата „Seriеѕ 7“ ќе биде вториот модел во гамата на „BMW“, по „i8“, кој ќе има изборни ласерски фарови, а на една од фотографиите можеме да видиме и како тие ќе изгледаат.

Задниот дел на автомобилот е многу помодерен, отколку кај претходникот, но задржана е големата хромирана лајсна, која се простира меѓу стоп-светлата.

b7mw3

Двете симетрични издувни цевки кои се на долниот дел на браникот, сега се поголеми и допринесуваат автомобилот да има спортски изглед во споредба со актуелниот модел.

Внатрешноста е типична за луксузните лимузини на „BMW“. Највпечатливата промена се однесува на големиот екран на мултимедијалниот систем, кој кај новиот е издвоен на врвот на централната конзола, додека кластерот на команди на самата конзола е поедноставна од претходно.

b7mw4

Покрај менувачот се наоѓа и вообичаената „iDrive“ контрола.

Кога странува збор за конструкцијата на автомобилот, новата „Seriеѕ 7“ ќе биде полесна од актуелната генерација и до 200 kg, во зависност од видот на моторот и пакетот на опрема.

Покрај карактеристичниот шестцилиндарски и „V8“ и „V12“ мотори, се очекува дека „седмицата“ во понудата ќе има 2.0-литарска четирицилиндарска погонска едница, како и „Plug-In“ хибридна верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП