19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБосанците за еден ден заработуваат колку Европејците за еден час

Босанците за еден ден заработуваат колку Европејците за еден час

rabotnici bih etr

За еден час работа вработните во европските земји добиваат надомест кој изнесува колку една дневница на работниците во Босна и Херцеговина, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат.

Според Евростат, за еден час работа Европејците во просек зарботуваат околу 25 евра, додека еден работник во БиХ за истата сума мора да работи осум часа.

Како што објави сараевскиот весник „Ослобоѓење“, тоа значи дека платите во БиХ се осумпати помали од просекот во ЕУ.

Најниски плати во ЕУ со 3,4 евра на час имаат работниците во Бугарија, додека просекот во Унијата изнесува 24,2 евра на час.

„Ако ова се спореди со најниската плата во Федерацијата БиХ, која изнесува 2,15 конвертибилни марки (1,07 евра), произлегува дека еден босански работни треба да работи три дена (24 работни часа) за да го заработи просечниот европска надомест по час“, наведува „Ослобоѓење“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП