3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРуската банка VTB прими 1,8 милијарди долари помош

Руската банка VTB прими 1,8 милијарди долари помош

p7-VTB-bbg

Втората по големина руска банка „VTB“ соопшти дека примила 100 милијарди рубљи (1,8 милијарди долари) од државниот социјален фонд.

На банката парите и се исплатени во рамките на планираната докапитализација на банкарскиот сектор, погоден со падот на рубљата и санкциите на западните земји кон Москва.

Исплатата за „VTB“ претставува првата транша од вкупната помош од 250 милијарди рубљи, која ја одобри руската банка, пренесува агенцијата ТАСС.

„VTB“ средствата ќе ги употреби за финансирање на одржливите инфраструктурни проекти од листата која ја одобри официјална Москва. Покрај тоа, нивото на задолжителен капитал во банката ќе порасне за повеќе од 12 проценти.

Банката, втората транша помош од 150 милијарди рубљи (2,6 милијарди долари), би требало да ја прими до крајот на првиот квартал од 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП