23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо 2015-та ќе се купуваат телевизори со поголема дијагонала

Во 2015-та ќе се купуваат телевизори со поголема дијагонала

televizori golemi

Според истражувањето на аналитичарите од команијата „MIC“, повеќе од 50% од телевизорите кои ќе се испорачаат во идната година ќе имаат дијагонала на екранот од 40 и повеќе инчи.

Во текот на оваа година 49% од испорачаните телевизори имале дијагонала на екранот од 40 и повеќе инчи, поради растот во побарувачката за уреди со поголема дијагонала и резолуција, особено оние со „Ultra HD“ односно 4K резолуција.

Процентот на испораките на таквите телевизори во идната година би требало да порасне на 54.8%. Просечната дијагонала на екранот од годинашните 40.2 инчи, во идната би требало да порасне на 41.4 инчи.

Повеќето производители на телевизори повеќе нема да се посветуваат на моделите на телевизори со 32-инчни екрани.

Испораката на „Ultra HD TV“ екраните во идната година ќе ја достигне бројката од 28.35 милиони со што ќе заземат 13.3% од пазарот (во оваа година пазарниот удел изнесува 6.2%), a повеќето такви екрани ќе бидат со 48-инчи или поголеми.

Според „Digitimes Research“, испораката на „TFT LCD“ екраните во идната година ќе порасне за само 0.5% на годишна основа, најмногу поради послабата побарувачка за таблети и преносни компјутери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП