29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda CR-V зa 2015-та: Редизајн и нов дизел мотор (фото)

Honda CR-V зa 2015-та: Редизајн и нов дизел мотор (фото)

crvce

„Honda“ на саемот за автомобили во Париз во 2014-та го изложи прототипот на редизајнираниот модел „CR-V“, а практично идентична продукциска верзија пристигнува на европскиот пазар во пролетта 2015-та. Покрај козметичките промени, „Honda“ на купувачите ќе им понуди и нов 1.6-литарски дизел мотор со 160 ks.

На автомобилот кој во продажните салони ќе ја замени актуелната верзија, променет е дизајнот на маската на ладилникот, фаровите за магла и стоп светлата, како и предниот и задниот браник.

crvce1

Фаровите со „LED“ светла изгледаат помодерно, додека светлосните групи сега визуелно се поврзани со хромирана маска која се наоѓа под стаклата на вратите на багажникот.

Сите верзии на „Hondа CR-V“ зa 2015-та ќе го имаат мултимедијалниот „Honda Connect“ систем во пакет со седум инчен екран чувствителен на допир.

crvce2

Обезбедена е „Bluetooth“ конекција и поддршка за „MirrorLink“ технологијата која овозможува поврзаност со смартфон уредите, а системот е поврзан и со задната камера.

„Honda“ ја модернизираше и понудата на мотори, па „CR-V“ зa 2015-та наместо стариот 2.2-литарски „i-DTEC“ дизел со 150 „коња“ го доби 1.6-литарскиот „i-DTEC“ со 160 ks (118 kW) и 350 Nm максимален вртежен момент.

crvce3

Новиот мотор ќе биде достапен исклучиво во верзијата со погонот 4×4. Во комбинација се стандардниот шестстепен мануелен или изборниот новоразвиен деветбрзински автоматски менувач.

„Honda“ тврди дека благодарејќи на новиот мотор успеала да ја намали емисијата на „CO2“ за 11 проценти (нa 130 g/km), во верзијата со мануелен менувач, односно за 20 отсто (нa 135 g/km) во моделот кај кој моќта се пренесува на тркалата со помош на автоматска трансмисија.

Во понудата и натаму ќе биде дизел верзијата со преден погон, актуелниот 1.6-литарски „i-DTEC“ мотор со 120 ks.

crvce4

На располагање е уште и 2.0-литарска бензинска „i-VTEC“ верзија со 155 ks, која сега е прилагодена на „Euro 6“ стандардите. Моделот кој го има овој мотор може да се купи како со преден, така и со погон на сите 4 тркала, а покрај мануелниот, ќе биде достапен и автоматски менувач.

Првите примероци на редизајнираниот „Hondа CR-V“ ќе се појават на европските патишта во пролетта 2015-та, за кога се очекува да биде позната и цената на овој автомобил.

crvce5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП