18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајголем дел од онлајн купувањата за празниците од мобилни уреди

Најголем дел од онлајн купувањата за празниците од мобилни уреди

shopp

Секоја година по Божик Ај-Би-Ем објавува анализа на онлајн и мобилната продажба за време на празниците.

Годинава „Биг блу“ дојде до податоци според кои 57,1 отсто од вкупниот онлјан промет е извршен од мобилни уреди.

Тоа е зголемување од 18,6 отсто во однос на претходната година. Прометот од смартфони учествува со 40,6 отсто, додека од таблети се извршени 15,9 проценти од онлајн нарачките.

Годинава вкупната продажба прекумобилни уреди претставува 20,4 отсто од онлајн продажбата, а за време на Божик 34,8 проценти.

Според податоците на Ај-Би-Ем просечно потрошениот износ од компјутер изнесува 107,72 долари, додека од мобилни уреди во просек се потрошени 88,70 долари.

Во однос на оперативните системи на мобилните уреди, корисниците на иОС во просек трошеле 97,28 долари на онлајн купување, додека корисниците на Андроид трошеле по 67,40 долари во просек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП