2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрекин на патниот сообраќај на одредени правци, отсечени села

Прекин на патниот сообраќај на одредени правци, отсечени села

sneg

Снежните врнежи и студеното време го отежнаа одвивањето на патниот сообраќај на одредени патни правци, а на некои патишта има прекин или забрана за движење на тешки товарни возила.

Авто мото сојузот на Македонија утрово информира дека патот Охрид – Кичево кај Пресека е во прекин за тешките товарни возила, а забрана за движење на овие возила има и на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка, Тетово – граничен премин Јажинце, Дебар – Струга, Буково, Ѓавато и Струга – граничен премин Ќафасан.

Забрана за тешките товарни возила на сите патни правци има и на подрачјето на Тетово.

Непристапни се селото Герман кај Крива Паланка и селото Дренак, кумановско, а затворени за сообраќај се патот Кочани – Пониква, Велес – С. Нежилово и Велес – Ореше.

Во околината на Македонски брод пак непроодни се 47 села, а во околината на Скопје, непроодно е до Танушевци, Брест, Малина маала, Горно и долно Блаце, Љуботен и Побожје.

Исто така, непроодни се патиштата кон селото Мојанци.

На останатите патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозот.

Воздушниот сообраќај засега се одвива нормално. Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ информираат дека се преземаат сите мерки за да се реализираат слетувањата и полетувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП