27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензините и дизелот поевтинуваат за 3,5 денари

Бензините и дизелот поевтинуваат за 3,5 денари

benzinite

Малопродажната цена на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 3,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство три денари.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС­95 ќе изнесува 62 денари за литар, Еуросупер БС­98 ќе се продава за 63,5 денари за литар, а Еуродизелот за 52,50 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 41,50 денари.

Се намалува и цената на мазутот М­1 која ќе изнесува 24,4 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изнесува 59,26 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 49,7 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП