4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако да заштедите гориво

Како да заштедите гориво

autoservis

Возењето на автомобил одамна стана луксуз, па така секој совет за заштеда на горивото е злато вреден.

Филтрите за масло, гориво и воздух се потрошни материјали, па затоа треба често да се менуваат.

Поради валканите филтри возилото често неможе да стартува или само да застане во сред возење. Според зборовите на експертите, филтерот за воздух и тоа како може да влијае на зголемената потрошувачка на гориво.

„Филтерот за воздух може сериозно да влијае на потрошувачката на гориво, затоа треба да се менува според табелата на вашето возилото. Кога произведувачот на возилото има пропишано дека треба да се менува, тогаш и треба тоа да се стори“, велат експертите.

Додека пак филтерот за масло, ако е валкан и не се менува на време, влијае на стареењето на моторот.

Кога и што треба да се менува?

Сепак, мајсторите во авто-сервисите истакнуваат дека филтрите за воздух, масло и гориво треба да се менуваат на секои 10.000км. По минувањето на оваа километража треба барем да се менува филтерот за воздух, затоа што нашите патишта се полни со прашина и нечистотија, па тие бргу се валкаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП