Најбрзо растечката компанија за производство на паметни телефони – кинеската „Xiaomi“, е на пат да претстави смартфон со два заоблени краеви.
За разлика од застапениот во оваа година модел на „Samsung“ – „Samsung Galaxy Note Edge“, кој располага со еден заоблен крај, „Xiaomi“ претстави постер на новиот модел „Xiaomi Arch“, за кој се чини дека моделот ќе биде чекор напред пред сите и со два заоблени краеви.
Според постерот, моделот се претставува како првиот во светот со два заоблени краеви. Кинескиот производител е познат по тоа дека се обидува до голем степен да го искористи и постигнатото од другите компании (постои сериозна сличност меѓу моделите на „Xiaomi“ и „Apple“) во своите паметни телефони, како и да ги нуди по пониски цени.
„Samsung“ се надева многу во моделот „Edge“ за да се разликува од другите водечки производители на смартфони. Екранот на моделот останува рамен, сличен на останатите смартфони, а пак десната страна е заоблена до задната страна на смартфонот. Така се создава пропратен дисплеј кој е удобен за постојан пристап до информации, како на пример за часот или времето, или други често користени апликации.