20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова банкнота од 20 евра во февруари

Нова банкнота од 20 евра во февруари

20euros-1-640x330

Европската централна банка соопшти дека на 24. февруари 2015 година ќе ја објави новата банкнота од 20 евра со унапредени безбедносни обележја во рамките на серијата „Европа“.

Банката истиот ден ќе го објави и датумот на пуштање во оптек на оваа банкнота, трета во серијата „Европа“, по банкнотите од пет и десет евра.

Серијата „Европа“ е лансирана со цел квалитетот на банкнотите да биде унапреден и да се задржи предноста во однос на технологијата за фалсификување на парите.

Евросистемот им помага на производителите, добавувачите и сопствениците на апарати за проверка на исправноста на банкнотите, да се подготват за новата банкнота од 20 евра, која ќе биде изложена во централните банки во еврозоната значително долго време пред пуштањето на банкнотите во оптек, со цел да биде тестирана на апаратите за автентификација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП