Сигруно е дека Анчелоти долго ќе остане на клупата, па Перез сака од него да направи „Реалов Фергусон“, а Италијанецот има во план да ја освежи „крвната слика“ на екипата. Кои се „младите Галактикоси“ на мета на „кралевите“?
Карло Анчелоти гледа кон иднината, договорот му истакнува во 2017-та, но како што стојат работите, тој долго време да остане на клупата на најценетиот клуб во светот.
Италијанецот има задача да победува, но и да ја менува екипата, императив е подмладување на тимот, односно доведување на нови фудбалери, кои Реал ќе го оддржат на врвот.
Кои се на „метата“ на Флорентино Перез?
Се бара замена за Касиљас, првото име е Де Геа, за кого во Реал се уверени дека порано или подоцна ќе заврши во Мадрид. Покрај него, Анчелоти не се откажува од Де Шиљо од Милан, за кого се верува дека може да биде алтернатива крај двете аут линии.
Сами Кедира ќе го напушти Реал, но нов Германец во екипата, веројатно налето, би можел да биде Криштоф Крамер кој го продолжи договорот со Леверкузен. Се стекнува впечаток дека овој трансфер би можел да биде реализиран без проблеми, двата клуба имаат одлични односи, а 23-годишниот везиста од следното лето би можел без проблем да се вклопи во екипата и да го заземе местото на Кедира.
Рахим Стерлинг останува прва „мета“ во офанзивата, дури и пред Марко Ројс. Најавите за продажбата на Бејл ги демантираше самиот Перес со зборовите дека нема да го продаде ниту за 300 милиони.
„Кралевите“ го сакаат и Еден Азар, но тоа е тешка мисија со оглед на финансиската моќ на Челзи. Во секој случај, додека Кристијано Роналдо игра за Реал, ваков трансфер неможе да се реализира.
И на крајот напаѓач, и Бензема кај Анчелоти е незаменлив, но раководството бара млад играч во шпицот. Засега нема најави кого го посакуваат, но секако планираат да го вратат Чичарито во Јунајтед и да побараат ново засилување во нападот.
Тоа што е сигурно е дека во иднина ќе пристигнуваат млади играчи, желбата е да постепено да се вклопуваат во тимот и така безболно да се изврши смената на генерација.