18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДва нови смартфони од ZTE

Два нови смартфони од ZTE

zte uredi 2345

Кинескиот производител на смартфони, компанијата „ZTE“, за американскиот пазар подготви два нови модели. Новите уреди се нарекуваат „Speed“ и „Zinger“, а се темелат на „Android“ оперативниот систем, а според нивната цена нудат и повеќе од пристојни перформанси.

Најголемиот и воедно и најбрзиот модел е оној кој се нарекува „Speed“. Го одликува 4.5-инчен екран со резолуција од 960×540 пиксели и поддршка за „LTE“ мрежата. Работи на процесорот „Qualcomm Snapdragon 400“ со четири јадра (1,2 GHz). Кога станува збор за работната и меморијата за податоци, „ZTE Speed“ e „таман “– 1 GB RAM и 8 GB интерна меморија. Дополнителната надоградба за просторот за чување податоци е 32 GB и може да се оствари со вметнување на „microSD“ мемориска картичка.

Батеријата која би требала да овозможи што подолга автономија на уредот има капацитет од 2000 mAh, а според податоците на производителот таа овозможува 14 часа разговор. „Speed“ има и две камери – предна со резолуција од 2 MP и задна (главна) со резолуција од 5 MP.

„Zinger“ најмногу ќе им се допадне на љубителите на помалите уреди, првенствено поради екранот кој има дијагонала од 3.5-инчи. Овој модел не е помал само поради димензиите, туку има и нешто послаби спецификации во однос на „Speed“.

Уредот има процесор со две јадра „SoC“ со такт од 1,2 GHz, а има и двојно помало количество на работна и меморијата за чување на податоци – 512 MB RAM и 4 GB интерна меморија. Батеријата исто така има помал капацитет од 1.500 mAh, што поради помалиот екран и послабите компоненти и не е неопходен недостаток. Според податоците од производителот, таа е доволна за 6 часа разговор, односно за 8 дена во мирување. Камерата кај овој модел има резолуција од 2 MP.

Двата модели работат на „KitKat“ (4.4) верзијата на „Android“ оперативниот систем, а нивната цена ќе изнесува 99.99 и 49.99 долари. Не е познато, дали овие смартфони ќе се појават и на некои други пазари, на пример европскиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП