5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVisa и MasterCard го напуштија Крим

Visa и MasterCard го напуштија Крим

visamastercard

Компаниите „Visa“ и „MasterCard“ целосно ја откажаа работата во руските банки на Крим, оправдувајќи го тој потег со санкциите на САД.

„Според санкциите кои САД ги воведе за Крим на 19.декември „Visa“ не може да обезбеди спроведување на услуги и користење на своите производи на Крим. Тоа значи дека не можеме повеќе да издаваме ниту да примаме банкарски картички на таа територија“, се наведува во соопштението на компанија „Visa“.

Исто така, наведено е дека ограничувањата ќе трајат се додека Крим е под тие санкции.

„Не е јасно кога ќе се случи, а тоа зависи од политиката и дипломатската ситуација. „Visa“ продолжува да ги следи случувањата и ќе овозможи дополнителни информации веднаш штом тие се појават“, се вели во соопштението.

Централната банка на Русија одговори дека банките на Крим продолжуваат да работат вообичаено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП