6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook ги шпионирал корисниците, мора на суд!

Facebook ги шпионирал корисниците, мора на суд!

Happy Happy Worksite

Компанијата „Facebook“ е обвинета дека ги скенирала приватните пораки на корисниците за рекламни цели и поради тоа ќе мора на суд, а казната би можела да се мери во милиони.

Процес е започнат со тужба против друштвената мрежа, која во 2013-та година ја поднел Метју Кемпбел наведувајќи дека сите негови приватни пораки се скенирани поради директен маркетинг.

Тој започна процес, а набргу во тужбата му се придружија и други корисници кои го имале истиот проблем.

Facebook“ се обиде да ја анулира тужбата на Кемпбел, но во тоа ги спречи калифорнискиот судија од судот во Оукланд, кој се занимава со случајот, а кој во средата донесе одлука дека тужбата е правно валидна и дека може предметот да оди на суд.

Со скенирањето на содржината од приватните пораки на корисниците за потребите на сопственото рекламирање, „Facebook“ го има прекршено актот за приватност во електронските комуникации, како и законите за приватност и нелојална конуренција во сојузната држава Калифорнија.

Сите кои ја употребувале друштвената мрежа во последните две години можат да се придружат на групата оформена поради ова тужба, а доколку судот донесе одлука во корист на групата тужители, компанијата ќе мора да исплати по 10.000 долари за секое кршење на приватноста на корнисците за изминатата година, пишуваат медиумите.

Компанијата на Марк Цукерберг тврди дека не прекршила никакви правила и дека станува збор за вообичаена и стандардна трговска пракса која голем број на компании ја спроведуваат

Процесот би требало да биде продолжен во 2015-та и оваа друштвена би можел да ја чини повеќе милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП