7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИKodak ќе претстави свој смартфон

Kodak ќе претстави свој смартфон

kodakphone3

Компанијата „Kodak“ има во план на пазарот да пласира свои брендирани телефони.

Самото производство на уредите ќе го препушти на компнијата „Bullitt“, која ги произведува и „Caterpillar“ смартфоните, но тие ќе бидат под брендот на „Kodak“.

Во официјалното соопштение се наведува дека овие „Android“ телефони ќе нудат одличен дизајн, кориснички интерфејс и најдобар софтвер за уредување на фотографиите во својата класа.

„„Kodak“ е еден од најпознатите брендови во светот. Корисниците во него препознаваат квалитет и иновативност. Ние тоа наследство го превземавме и тоа нам ќе не инспирира да креираме убаво дизајнирани уреди кои на корисниците ќе им овозможат да прават одлични фотографии, да ги уредуваат, споделуваат и печатат“, вели извршниот директор на „Bullitt“, Оливер Шулте.

Првиот уред ќе биде прикажан на саемот „CES“ во јануари 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП