19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнгела Меркел – личност на годината

Ангела Меркел – личност на годината

55469d62-8c6f-11e4-_826958c

Британскиот весник Тајмс ја прогласи германската канцеларка Ангела Меркел за личност на годината поради „придонесот за европската безбедност“.

„Жената која ни е потребна во светот полн со опасни мажи“ гласи насловот на текстот во кој Тајмс ја посочи Меркел за личност на годината.

Објаснувајќи го својот избор, британскиот весник ја истакнува значајната улога на Меркел во воспоставувањето на дијалог меѓу Русија и Западот.

„Меркел е истакнат европски политичар и една од највлијателните жени во светот“, наведува весникот.

Тајмс истакнува дека Меркел е избрана за личност на годината првенствено поради „преземањето на контролата во тешките преговори на Западот со рускиот претседател Владимир Путин по руското спојување со Крим“.

Да се потсетиме дека во 2013 година Тајмс за личност на годината го именуваше рускиот претседател Владимир Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП