19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија трпи штети од евтината нафта

Саудиска Арабија трпи штети од евтината нафта

kilop

Најголемиот извозник на нафта во светот, Саудиска Арабија, во буџетот за 2015 година предвидува дефицит од 38,6 милијарди долари, како последица на падот на цените на „црното злато“.

Во буџетот на Саудиска Арабија за идната година се предвидуваат приходи од 190,7 милијарди долари и трошоци од 229,3 милијарди долари.

Во споредба со оваа година, Ријад предвидува раст на трошоците за речиси 1,5 милијарди долари, но од друга страна се очекува приливот на средства во буџетот да биде помал за 37,3 милјарди долари, пред се како последица на намалените приходи од извозот на евтината нафта.

Ова е досега најголем буџетски дефцит на Саудиска Арабија и прв по 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП