КОМПАНИИ

Samsung ја затвори продавницата во Лондон

london samsung 55

Компанијата „Samsung“ неодамна ја затвори својата главна продавница во Лондон поради слабата продажба на телефони.

Продавницата на „Samsung“ – „Experience“ очигледно е во големи проблеми. Имено, водечката продавница на „Samsung“ во Лондон, која се наоѓа на големо и истакнато место во трговскиот центар „Westfield Stratford City“ е трајно затворена. Најверојатно, се шпекулира дека ова е одговор на компанијата поради големиот пад на продажбата на телефони.

Заедно со продавницата во Оксфорд улицата, ова е најскапиот и најголем изложбен простор на „Samsung“ во овој град.

Компанијата при отворањето на „Experience Stores“ направи голема промоција, а тие беа дестинациите на кои можеа меѓу првите да се купат примероците на „Galaxy S4“ и подоцна „Galaxy S5“ телефоните во Велика Британија.

Јасно е дека по добриот почеток на продажбата, таа толку опадна што дојде до затворање.

Сега кога „Samsung“ повеќе не продава лаптопи во Европа, а продажбата на телефони опадна, желбата е да се намалат малопродажните трошоци.