5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Костал“ ­ позитивна инјекција за имиџот на Македонија

„Костал“ ­ позитивна инјекција за имиџот на Македонија

mizo nikolovski 54

Соработка со локални фирми и отворање дополнителни работни места покрај планираните директни 1.000, најмалку 170 милиони евра извоз годишно, нови, иновативни технологии, ноу­хау вештини и заживување на охридско­струшкиот регион, ќе бидат клучните придобивки од инвестицијата на германската компанија „Костал“ што вчера ја најави премиерот Никола Груевски.

Како што рече денеска директорот на Дирекцијата за технолошко­индустриски развојни зони (ТИРЗ) Виктор Мизо, ова капитално, но и трудо­интензивно вложување на светскиот лидер за електронски компоненти во автомобилската индустрија кое за шест години треба да надмине 70 милиони евра, ќе биде позитивна инјекција за имиџот на Македонија.

„Присуството на „Костал“ може директно да биде поттик за други компании кои досега од најразлични причини не ја разгледувале земјава како потенцијално место за инвестиции“, напомена Мизо на прес­конференција.

Според Алек Никовски, советник за странски инвестиции во Кабинетот на премиерот Груевски, конкурентната бизнис клима, макорекономската и политичката стабилност, како и позитивниот фидбек од веќе присутните странски вложувачи, биле основните причини поради кои „Костал“, по двегодишни преговори и детални, ригорозни анализи, одлучи да инвестира во Македонија.

„Ова беше една од најригорозните и најдеталните анализи што некоја компанија ги изврши во процесот на донесување одлука. Имавме жестока конкуренција од други опции за потенцијални дестинации, но успешно одговоривме на инвестициските планови на „Костал“. Работевме интензивно и успеавме да го убедиме врвниот менаџмент на компанијата својата новата фабрика да ја отвори токму во Македонија“, потенцира Никовски.

„Костал“ ќе гради капацитет во ТИРЗ Струга. Објектот од 26.000 метри квадратни ќе се реализира во три фази, а треба да профункционира кон крајот на 2017­та или почетокот на 2018 година.

„Во првиот квартал од идната година ќе почне адаптацијата на постоечкиот објект, додека во вториот квартал ќе се ангажираат луѓе кои ќе одат на обука во Ирска и Украина. Потоа стартува процесот на планирање, дефинирање, дизајн и градба на новиот гринфилд капацитет“, објасни Мизо, додавајќи дека со ОДВ Електрик и „Костал“, зоната во Струга ќе биде исполнета повеќе од 70 проценти.

„Костал“, со седиште во Германија, е присутна во 17 земји, Кина, Mексико, Велика Британија, Бразил, Индија,…, и брои околу 15.000 вработени. Произведува електронски модули за раководење прозори, врати, седишта, волани, менувачи, камери, сензори,…

Производите на „Костал“ се вградуваат во најлуксузните марки автомобили ­ Мерцедес Бенз, БМВ, Бентли, Ролс Ројс, Јагуар, Пежо, Ситроен,…

Не помалку битна придобика од влезот на „Костал“, се согласија Мизо и Никовски, ќе биде и соработката со нашите образовни институции (универзитети, технички школи) што, исто така, ќе придонесе за подигнување на нивото.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со постигнатите резултати во изминатите 12 месеци, советникот Никовски подвлече дека 2014­та е една од најуспешните години во однос на привлекувањето странски инвестиции.

„Дури и во период на неизвесни економски текови во светот и Европа, успешно донесовме неколку инвестиции. Тие се резултат на долгорочна, истрајна и успешна политика на Владата во оваа сфера. Некои ги објавуваме сега, но има и многу други на кои паралалено работиме.

Процесот е долготраен, трае и по неколку години. Во секој случај, секогаш настојуваме да ги надминеме претходните резултати. Не сме фокусирани на бројки, најзначајно ни е да отвориме што повеќе работни места“, истакна Никовски.

Мизо се надоврза со оценка дека повеќе компании размислуваат за инвестирање надвор од Скопје. Прва го скрши мразот Џонсон Контролс со Штип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП