6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBBerry: По Classic, прв поглед на Rio

BBerry: По Classic, прв поглед на Rio

rio bb

Компанијата „BlackBerry“ се надева дека со своето повторно подигнување од пепелта ќе успее да го продолжи со моделот „Rio“, кој би требало да го наследи моделот „Z3“.

Блогот „N4BB“ ја објави првата фотографија од уредот, кој е вклопен во модерните трендови, за разлика од неодамна претставениот модел „Classic“, кој претставува враќање на корените (бизнис класа, „qwerty“).

„Rio“ според дизајнот многу наликува на својот претходник „Z3“, со некои ситни козметички промени, додека под „хаубата“ се крие друга „машина“.

Екранот е со дијагонала од 5 инчи, процесорот е со две јадра „Snapdragon S4“, уредот има 2GB RAM и 16GB простор за податоци. Камерите се од 8 и 2 мегапиксели, а батеријата од 2.800mAh.

Најверојатно уредот ќе чини 300 долари без договор.

Поради тоа компанијата што мора да бара како повторно да стане профитабилна, „Rio“ цели на тоа што го посакуваат „сериозен“ телефон, а не спаѓаат во платежен ранг со луѓето од „бизнис класата“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП