19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоснефт ќе инвестира 400 милијарди долари на Арктикот

Роснефт ќе инвестира 400 милијарди долари на Арктикот

artik 354

Програмата на руската државна компанија „Роснефт“ за совладување на Арктикот ќе обезбеди доход од над 2.8 трилиони долари. Ова го покажуваат материјалите на корпорацијата, пренесени од „ИТАР-ТАСС“.

Инвестициите на „Роснефт“ во Арктикот ќе достигнат 400 милијарди долари за период од 20 години.

Благодарение на мултипликаторниот ефект, кумулативниот приход од мерките во оваа програма ќе ги надмине трошоците повеќе од седум пати.

Според „Роснефт“, до 2050-та година Арктикот ќе обезбедува од 20 до 30 отсто од целата екстракција на нафта во Русија, додава агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП