1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија со инфлација од 10,4 отсто

Русија со инфлација од 10,4 отсто

uio

Инфлацијата во Русија во неделата од 16 до 22 декември изнесуваше рекордни 0,9 отсто, со што инфалциската стапка од почетокот на годината порасна на 10,4 проценти, соопшти денеска руската статистичка агенција Росстат.

Според Росстат, стапката на инфлација од почетокот на декември изнесува 1,7 проценти.

Во споредба со минатата година, инфлацијата на годишно ниво на 22 декември изнесувала 10,5 проценти, со што се надминати и најмрачните прогнози на централната Банка на Русија за инфлациска стапка од 10,1 проценти.

Руското Министерство за економиски развој очекуваше годишна инфлација од 9,0 отсто, а Министерството за финансии предвидуваше 9,7 проценти.

Лани во декември месечната стапка на инфлација изнесуваше 0,5 отсто, а годишната 6,5 проценти.

Растот на инфлацијата во голема мерка се должи на зголемувањето на цените на прехранбените производи во текот на минатата недела.

Така, зелката поскапела за 11 проценти, доматите за 7,8, шеќерот за 7,5, а краставиците за 7,4 отсто. Цените на оризот, леќата и јајцата се зголемиле од 3,0 до 3,5 проценти, а говедското месо, паштетите, смрзнатата риба, маслото, маргаринот, брашното, сирењето, тестенините и чајот поскапеле за од 1,3 до 2,0 проценти.

Според податоците на Росстат, овошјето и зеленчукот во просек минатата недела поскапеле за 5,2 проценти, бензините поевтиниле за 0,5 отсто, а цената на дизелот останала непромента.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП