26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд април дирекна авионска линија Скопје­-Женева

Од април дирекна авионска линија Скопје­-Женева

svis air 60

Од април следната година ќе се воспостави директна авионска линија Скопје­-Женева, која ќе ја оперира авиокомпанијата Swiss Airlines.

Според летниот распоред на скопскиот аеродром, првиот лет од Скопје до Женева е планиран за четврти април 2015 година. Авиокомпанијата ќе оперира на оваа авиолинија од „Александар Велики“ секоја сабота од 18 часот и 20 минути. Во текот на летната сезона, SWISS ќе ја опслужува оваа релација двапати неделно, во вторник и во сабота. Aвионските билети ќе можат да се резервираат од средината на јануари следната година.

„Ја поздравуваме одлуката на Swiss Airlines од април повторно да лета од Женева за Скопје. Ова е добра вест за нашите патници, нашите иселеници во Швајцарија, како и за бизнис­заедницата во двете држави. Со ова се зголемува и туристичката размена“, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Од Директорот на Swiss Airlines за Австрија и Централна и Источна Европа Бернард Водл изрази задоволство за можноста позитивно да одговорат на растечката потреба за патувања меѓу Македонија и Швајцарија и да лансираат нова услуга на скопскиот аеродром.

Ова е трета дестинација во Швајцарија со која Скопје, односно скопскиот аеродром има директна воздушна врска. Директни линии веќе се воспоставени со Базел и Цирих.

„ТАВ Македонија“ за следната година планира воведување уште нови дестинации, зголемување на фреквенцијата на постоечките рути, како и подобрување на вкупните услуги кои се нудат на двата аеродроми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП