20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola дели откази – не се знае колку

Coca-Cola дели откази – не се знае колку

C

Американскиот гигант „Coca-Cola“ во наредните неколку недели ќе укине меѓу 1.000 и 2.000 рабoтни места на глобално ниво, објави WSJ.

Весникот повикувајќи се на извори блиски до компанијата објави дека таа мерка е дел од програмата за штедење вредна три милијарди долари која „Coca-Cola“ ја најави уште на 21. Октомври, по соопштувањето на резултатите од работењето за третиот квартал, кога нејзиниот профит се намали за 14 проценти.

Вработените во компаниите во Северна Америка кои ќе бидат опфатени со оваа мерка за тоа ќе бидат известени на 8. јануари наредната година, а вработените во останатите земји ќе бидат информирани за отказите на 15. јануари, додава весникот.

Како што се наведува, последиците од оваа мерка особено би можеле да се почувствуваат во седиштето на најголемиот производител на безалкохолни пијалоци, во Атланта (Џорџија), како и во другите административни центри на оваа групација во целиот свет.

Портпаролот на „Coca-Cola“ изјави дека вработените се известени за тоа дека мерките за штедење ќе доведат до откази, но не е прецизирано колку вкупно работни места ќе бидат укинати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП