„Cadillac“ ги објави фотографиите и техничките детали од моделот „CTS-V“ кој со скоро 650 ks е најмоќниот продукциски автомобил во историјата на овој производител.
Спортската верзија на луксузната лимузина „CTS“ би требало на американскиот пазар да се обиде да ги загрози двата најголеми конкуренти во оваа класа: „BMW M5“ и „Mercedes E63 AMG“.
Најсилниот аргумент на „Cadillac CTS-V“ е неговиот мотор, 6.2-литарскиот „V8“ со компресорот кој произведува 649 ks (477 kW) и располагање на максимален вртежен момент од дури 855 Nm.
За преносот на моќта на здните тркала, новиот „Cadillac CTS-V“ користи осумбрзински автоматски менувач кој овозможува автомобилот од 0 дo 96 km/h (0-60 милији на час) да забрза за 3.7 секунди и да достигне максимални 322 km/h.
Само за споредба, „BMW M5“ има 4.4-литарски „V8 twin-turbo“ кој развива 560 ks (575 ks со „Competition“ пакетот), a „Mercedes E63 AMG“ има 5.5-литарски „V8 twin-turbo“ со 557 „коња“ (585 ks во верзијата 4MATIC S).
„Cadillac CTS-V“ зa 2015-та ќе има светска премиера во јануари на авто-саемот во Детроит, а во продажните салони на северноамериканскиот пазар ќе пристигне во текот на летото.