17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФФМ ги додели „фудбалските оскари за 2014“

ФФМ ги додели „фудбалските оскари за 2014“

ffm-oskari-3

Фудбалската Федерација на Македонија на свечена церемонија во новиот театар МНТ, пред над 500 гости, спортски работници и поддржувачи на фудбалот во макеоднија, ги додели своите „фудбалски оскари“ на сите оние што ја одбележаа оваа 2014 година. Главната награда, за најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство, замина во рацете на Агим Ибраими, кој сезонава го имаше своето деби во Лигата на шампионите, постигнувајќи значајни голови како во квалификациите, така и во групната фаза од елитното европско натпреварување.

„Голема благодарност до ФФМ, до моето семејство, без кои денеска немаше да биде овде. Сакам да им честитам на сите што добија признанија денеска, посакувајќи им успех и здравје во 2015 година. Што се однесува до моето признание, можам да кажам дека сум многу горд и среќен што добивам почит во мојата земја“ – изјави Агим Ибраими при добивањето на наградата.

Борче Маневски имаше значајна улога за освоената двојна круна на Работнички минатата сезона, па овој фудбалер апсолутно заслужено се закити со признанието за најдобар фудбалер во домашното првенство.

Верувам дека наскоро ќе гледаме европски фудбал во Македонија,  a нашите клубови ќе имаат многу позначајна улога  во меѓународните натпревари. Наша цел е да помогнеме и финансиски и логистички Штип, Битола, Тетово, Прилеп, Велес да добијат репрезентативни стадиони, да создадеме услови што повеќе млади луѓе да го засакаат фудбалот, да тренираат во одлични услови, и сето тоа за популаризација нa фудбалот. Најмладите се нашата најголема вредност, и затоа ние ќе продолжиме со проектот за континуирано надградување на талентите преку едукацијата на тренери и стручни тимови за таа цел. За мене, сето она што го работиме, а го работиме страсно со многу труд, планирање, концентрација и дисциплина – има смисла само ако го правиме за луѓе кои навистина го сакаат фудбалот. Прашањето веќе не смее да биде „дали играчот е доволно висок“, туку дали е агилен, темпераментен, има ли добар тајминг?Прашањето веќе не смее да биде „дали играчот е доволно голем“, туку, дали го разбира просторот, дали има преглед на теренот, знае ли да се постави? Прашањето веќе не смее да биде „дали играчот е подобар од просекот во генерацијата“, туку, дали има вистински карактер, желба за победа и страст кон играта? Тоа се само дел од новите вредности во модерниот фудбал кои сите ние мораме да ги прифатиме обврзувачки, изјави председателот на ФФМ Илчо Ѓоргиоски.

ffm-oskari-2

Стратегот на Работнички, Игор Ангеловски, не ја криеше гордоста од добивањето на наградата за најдобар тренер.

„Најзаслужни за оваа награда се фудбалерите на Работнички, потоа моите соработницки, како и на моето семејство за поддршката што ми ја дава во текот на тренерската кариера. Немаше да бидам овде доколку еден човек не веруваше во мене, тоа е Драган Поповски, кому сум му бескрајно благодарен“ – изјави Ангеловски.

Во текот на свеченоста со по едноминутно молчење им беше дадена почит на Петар Милошевски и на Илија Атанасовски – Ико, чии фудбалски животи згаснаа во текот на оваа 2014 година.

 

Еве ја листата на наградени играчи од страна на ФФМ на вечерашната церемонија:

Агим Ибрами – Најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство

Борче Маневски – Најдобар фудбалер во МФЛ

Игор Ангеловски – Најдобар тренер во МФЛ

Дејан Блажевски – Најдобар стрелец во МФЛ

Оливер Јовановски (ЖКК Кочани) – најдобар тренер во женски фудбал

Афродита Салихи (ЖКК Кочани, 45 постигнати гола)– најдобар стрелец во женски фудбал

Наташа Андонова (Турбине Постдам) – најдобра фудбалерка во женски фудбал

Зоран Левески (КМФ Железарец) – најдобар тренер во футсал

Кристијан Златковски (КМФ Биџо) – најдобар фудбалер во футсал

Минчо Јорданов – заслужен фудбалски работник

ФК Работнички – фер-плеј екипа на годината

Димитар Мечкаровски – најдобар фудбалски судија

Влатко Колев – најдобар тренер во младинскиот фудбал

Михајло Јакимовски (ФК Металург) – најдобар стрелец во младинскиот фудбал

Јасир Асани (ФК Вардар) – најдобар фудбалер во младински фудбал

ФК Вардар и ФК Шкендија – признание за вложувачи во македонскиот фудбал

ФК Металург – најдобар клуб во младински фудбал

Марјан Секуловски и Влатко Андоновски – најдобри тренери во странство

Трајко Стаматовски – Награда за животно дело

Награди за медиумска поддршка – Екипа.мк, МТВ, Сител, Канал 5, МТВ 2, Македонски спорт, “Macedonian football”

Награди за новинарски доајени – Ивко Панговски, Кирил Манев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП