20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНегрижа: Ременот на задното седиште го користи само еден од 25 патници

Негрижа: Ременот на задното седиште го користи само еден од 25 патници

seat belt

Врзувавањето на ременот е најголем потенцијал за намалување на повредувањата на возачите и патниците во автомобилот, смета директорот на српската Агенција за безбедност во сооброќајот, Милан Божовиќ.

Употребата на сигурносните ремени на предните седишта го намалува ризикот од смртни случаи до 50 отсто, а на задните седишта до 75 проценти, изјави Божовиќ.

При тоа тој изнесе податок дека само четири отсто од патниците на задните седишта користат појаси.

Ременот на предното седиште го врзуваат околу 70 отсто од патниците, што,исто така, не е доволно, затоа што во Германија, Шведска и Норвешка тоа го прават и до 98 отсто, истакна Божовиќ.

Доколку се успее во процентот на врзување на ремените на предните седишта да се згоеми до 95 или 98 отсто, а на задните седишта до 50 или 70 отсто, значително ќе се намалат и повредите истрадањата во сообраќајот, смета Божовиќ.

– Заблуда е дека на задните седишта не е потребно појасите да се врзуваат, нагласи Божовиќ.

Според него, доколку се случи сообраќајна несреќа, а патникот на задното седиште не е врзан, тој со голема сила ќе удри во предното седиште.

– Доколку дојде до вртење на автомобилот, превртување или слично на тоа, неврзаниот патник на задното седиште неконтролирано ќе се движи низ автомобилот и неговото тело ќе им наштети и на другите лица во возилото, додаде Божиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП