21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрад Скопје ги прогласи најдобрите спортисти за 2014

Град Скопје ги прогласи најдобрите спортисти за 2014

kil

Градот Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Град Скопје традиционално и оваа година ги избра најдобрите спортисти, тренери и екипи за 2014 година.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и советниците во Советот на Град Скопје, членови на Комисијата за спорт и млади, денеска им ги доделија признанијата на добитниците.

– Од срце ви честитам за трудот и за залагањето во постигнувањето на вашите резултати за почит, достигнувањата кои го афирмираат нашиот град, но и Република Македонија. Чувствувам гордост, што како Градоначалник на Град Скопје имам чест да Ве поздравам и да Ви честитам на вас спортистите, тренерите, спортските работници и на екипите што постигнавте извонредни резултати на најсилните европски и светски натпревари, претставувајќи го достоинствено Градот Скопје и Република Македонија, како најефикасните
можни амбасадори. Сакам да потенцирам, дека од Градот Скопје секогаш ќе ја имате поддршката – финансиска, логистичка, морална, со цел и натаму да се радуваме и да ги славиме успесите, истакна градоначалникот Трајановски.

skopj

За најдобри спортисти за 2014 година беа прогласени:

1. Антонио Ристевски, скијање, СК „Работнички”, 29 место во слалом на Олимписките игри во Сочи Русија, настапи на 360 меѓународни натпревари од кои на 7 светски првенства и 2 олимпијади.

2. Игор Стефановски, Автомобилизам, АК„ Про Спорт”, шампион на Македонија 10 години во ридско брзински трки, 1 место / шампион на Европа / во ридско брзински трки, од 12 трки победи во 8 трки.

3 / 4. Томи Стефановски, маратонско пливање, 2 место на светска ранг листа, учество на 7 светски маратони за ранг листа.

3 / 4. Евгениј Попацев, маратонско пливање, 2 место на светска ранг листа, учесник на 5 меѓународни маратони за ранг листа.
На првите три места во категоријата Млади спортисти се:

1. Мери Јанева, за освоено 3 место на Светско првенство во куглање во двојки и државен првак на Македонија во поединечна конкуренција и

1. Александар Соколовски за освоено 3 место на Светско првенство во куглање во двојки, државен првак на Македонија во поединечна конкуренција.

2. Бојан Јанкуловски, Тенис, ТК „Југ” Скопје, државен првак, 1/4 финале во Европа серија /АТП/, од 1218 тенисери до 16 г. рангиран на 2 место, од 39 натпревари во сингл 35 победи, од 16 натпревари во двојки 9 победи, настапи со репрезентацијата во Дејвис Куп.

3. Филип Талевски, Ракомет, РК „Металург” Скопје, настапи во ЛШ, член на јуниорската и сениорската репрезентација на Македонија.

 

За најдобри тренери прогласени се:

1. Иван Лесевски, Скијање, СК „Работнички” Скопје, учесник на 4 Олимпијади, 29 место -Слалом на Олимписките игри во Сочи Русија.

2. Индира Кастратовиќ ЖРК „Вардар” 3 место во Европа во Лигата на Шампиони, државен првак и куп победник на РМ.

За најдобра екипа е избрана екипата на ЖРК “Вардар” Скопје, државен првак и куп победник на РМ и освоено 3 место во Европа во лигата на шампиони, и пласман во Топ 8 за 2015.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП