6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордна казна за Alstom поради поткуп

Рекордна казна за Alstom поради поткуп

alstom 34

Француската „Alstom“, една од најголемите енергетски и транспортни компании во земјата, ќе плати рекордни 772.3 милиони долари и ќе ја признае својата вина по обвинението во САД дека користела десетици милиони долари за поткуп на владини претставници во светот.

Поткупот бил маскирани зад имињата на фиктивни консултанти кои всушност биле вработувани за поткуп на службени лица во Индонезија, Саудиска Арабија, Египет, Тајван и Бахамите.

Шемата дејствувала околу 11 години и со над 75 милиони долари „Alstom“ добила нарачки за 4 милијарди долари, се вели во соопштението на Министерството за правда на САД. Во текот на измамата се фалсификувани и сметководствени документи.

„Тоа е зачудувачки со дрскоста и последиците по целиот свет“, коментира Џејмс Кол, заменик-министер за правда на САД.

Вонсудскиот договор со Французите ја вклучува и најголемата казна против компанија за кршење на законите за корупциска дејност во странство. „Alstom“ не само што не пријавила доброволно дека нејзините службеници се престапници на Законот, но и не соработувала во истрагата.

Сега освен признанието на седиштето пред федералениот суд во Конектикат, истото го направија и одделенијата во Швајцарија и САД.

Министерството за правда на САД дава и примери за тоа дека во „Alstom“ знаеле многу добро дека вршат нелегални активности. Во 2003-та година, на пример, вработена во финансискиот оддел го информира раководителот на проектот, дека не може да одобри фактура за консултант, бидејќи реално тој не завршил никаква работа. Одговорот од него е да престане да испраќа слични електронски пораки, „освен ако не сака неколку луѓе да паднат во затвор“ и и дава инструкции да ги уништи сите пораки на оваа тема.

Исто така во понеделникот двајца вработени на „Alstom“ беа обвинети во Велика Британија од страна на Канцеларијата за тешки измами дека ги поткупувале јавните службеници меѓу 2002-ра и 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП