10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla ќе претстави подобрена верзија на Roadster дo крајот на 2014-та

Tesla ќе претстави подобрена верзија на Roadster дo крајот на 2014-та

tesla road 24

Eлон Маск изјави дека ќе го исполни ветеното до јуни и на јавноста ќе и претстави подобрена верзија на моделот „Roadster“ пред Нова година.

Извршниот директор на „Tesla Motors“ најави на својот „Twitter“ профил дека деталите ќе бидат познати веќе во текот на оваа недела.

„Неколку кризни ситуации со поголем приоритет влијаеа на одложувањето на презентацијата“, објасни Маск.

Се уште не е познато какви промени ќе претрпи првиот модел на компанијата „Tesla Motors“, a Маск во јуни најави дека подобрениот „Roadster“ ќе има поголема автономија во возењето во споредба со актуелната верзија.

Тој тогаш најави дека радиусот на движење на „Roadster“ би требало да биде зголемен од околу 400 на скоро 650 km.

Со оглед дека „Tesla Roadster“ повеќе не се произведува, се очекува дека компанијата на сопствениците на овој модел ќе им понудат да извршат дополнителни модификации на нивните автомобили.

Се шпекулира дека во некој момент „Roadster“ би можел да добие и свој наследник, но од комапнијата засега нема официјални потврди за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП