6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРуската „Траст банка“ спасена од банкрот со интервенција на Централната банка

Руската „Траст банка“ спасена од банкрот со интервенција на Централната банка

Untitled

Руската „Траст банка“ беше спасена од банкрот со итна интервенција на Централната банка на Русија со 30 милијарди рубљи.

Оваа банка, која се занимава со давање кредити и зајмови, е првата која државата ја спасува со покривање на нејзината неликвидност.

Интервенцијата во „Траст“ е првиот случај во Русија да се исплаќа банка која западнала во тешка криза, онака како што тоа се правеше во САД и во ЕУ, по избувнувањето на глобалната банкарска и финансиска криза во есента 2008 година.

Со интервенција на еврозоната и ММФ, беа спасувани банките во Грција, Ирска и Португалија, а државата интервенираше во спасувањето на банкарскиот систем во Велика Британија, со повремено национализирање на повеќето од главните банки во земјата. Слични интервенции имаше и кај некои банки во Франција, Шпанија и Италија.

Државната интервенција во „Траст“ банката е последица на драстичниот пад на руската рубља, која од почетокот на оваа година загуби 45 отсто од својата вредност кон американскиот долар, како резултат на силниот пад на цената на суровата нафта и на западните санкции кон Русија.

Западни финансиски експерти предвидуваат дека руската економска криза ќе се продлабочува, што значи дека може уште банки да се најдат во ситуација да се спасуваат со државна интервенција.

Со таквата оценка се согласува и поранешниот руски министер за финансии Алексај Кудрин, кој смета дека сегашниот момент е „време на сериозни предизвици“ за домашната економија.

Според неговото мислење, ударот врз рубљата е посилен од санкциите, отколку од ниската цена на нафтата.

Поранешниот министер за финансии Кудрин предупредува дека состојбата останува неизвесна, затоа што дури и да се зголеми цената на нафтата, од сегашните 60 долари за барел на 80 долари, руската економија ќе продолжи да бележи опаѓање.

Руската влада на почетокот од овој месец и самата призна дека Русија ќе западне во рецесија,доколку продолжи да се одржува ниската цена на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП