4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Škoda Superb е продукциската верзија на VisionC

Новата Škoda Superb е продукциската верзија на VisionC

superb 35

„Škoda“ продолжува да ни го открива изгледот на третата генерација на својата топ лимузина. Дизајнерскиот цртеж на задниот дел на новиот „Superb“ потврдува дека стилските елементи на надворешноста во голема мера се превземени од концептот „VisionC“.

Во пресрет на презентацијата на новата „Škodа Superb“, која е најавена за половината на февруари 2015-та, чешкиот производител полека се подготвува за премиера на овој модел. По фотографиите на „маскираниот“ прототип и дизајнерскиот цртеж на предниот дел на автомобилот, имаме можност да погледнеме како новиот „Superb“ ќе изгледа позади.

superb 351

Специфичната форма на стоп светлата, поклопецот на багажникот и задниот браник потсетуваат на концептот „VisionC“ кој „Škoda“ го претстави на авто-саемот во Женева во 2014-та.

Линиите на новиот „Superb“ ќе бидат значително поостри и динамични, а пропорциите соодветни кај актуелната генерација на овој модел.

„Škoda“ најавува дека дизајнот на надворешноста ќе се одрази и на стилизација на ентериерот на автомобилот.

superb 352

Чешката компанија очекува дека новиот „Superb“ со својот дизајн и квалитет ќе привлече нови, пребирливи купувачи и со самото тоа да го подигне угледот на марката „Škoda“.

Третата генерација на „Škodа Superb“ ќе биде претставена на јавноста на манифестација во Прага во февруари. Во почетокот на март автомобилот ќе го заземе централното место на штандот на „Škodа“ на женевскиот саем, а почетокот на продажбата е најавена за половината на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП