10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOracle оствари подобар квартален резултат од очекуваниот

Oracle оствари подобар квартален резултат од очекуваниот

oracle office20

Американската компјутерска компанија „Oracle“ оствари подобар квартален резултат од очекуваниот, прв пат во последната година.

Во периодот септември-ноември (вториот квартал од фискалната година), нето профитот изнесувал 2,5 милијарди долари, односно 69 центи по акција (кога ќе се исклучат вонредните ставки), што е за еден цент повеќе од оној кој во просек го предвидоа аналитичарите, пренесува францускиот весник Капитал.

Приходите од продажбата на овој специјалист за софтверски програми во истиот период се зголемиле за 3,0 проценти, на годишно ниво, достигнувајќи 9,59 милијарди долари, додека експертите предвидуваа во просек 9,51 милијарди долари приходи.

Само приходите од програмата „cloud“ кои подразбираат лиценци за софтвери, достигнаа 7,33 милијарди долари, со раст од 5,0 проценти во однос на истиот квартал минатата година.

За тековниот квартал (декември 2014-февруари 2015) оваа американска технолошка групација смета на нето профит по акција во износ од 69 до 74 долари, додека според аналитичарите тој ќе изнесува 73 центи.

Приходите од продажбата би требало да пораснат од 4,0 до 8,0 проценти, на годишно ниво, предвидуваат во „Oracle“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП