6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританија продава уште акции од банката Lloyds

Британија продава уште акции од банката Lloyds

A branch of Lloyds Bank is seen in the City of London

Британија ќе продаден дел од акциите на национализираната банка „Lloyds Banking Group“ (LBG) во наредните шест месеци, во рамките на планот банката да се врати во приватниот сектор, соопшти владата во Лондон.

Финансиските инструменти на Велика Британија (UKFI), кои управуваат со акциите на банката, наведуваат дека државата ќе го намали својот удел во „LBG“ од моменталното ниво од 24,9 oтсто, а со продажбата на акциите ќе управува американската банка „Morgan Stanley“.

„UKFI“ напоменува дека акциите нема да бидат продавани под препорачаната цена од 0,73 фунти по кои претходната влада ги купила. Официјалните лица од Лондон за пет проценти удел во банката ќе може да добијат повеќе од три милијарди фунти.

Британската влада поседува скоро една четвртина од „Lloyds“, која ја спаси со парите од даночните обврзници (20 милијарди фунти) во врвот на глобалната финансиска криза од 2008-ма. Лондон првично имаше 39 проценти удел во банката, а со постепена продажба на акциите заработи 7.4 милијарди фунти.

„LBG“ вчера „низ иглени уши“ го мина тестирањето на Банката на Англија, наменет да се провери способноста на банкарскиот сектор да издржи нова економска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП