3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар со победа, Металург со пораз ја завршија 2014

Вардар со победа, Металург со пораз ја завршија 2014

vardar

Ракометарите на Вардар забележаа победа, а Металург доживеа пораз вечерва на последните натпревари на македонските претставници во регионалната СЕХА лига за 2014 година.

На натпреварот од 11. коло одигран во Крагуевац, македонскиот шампион Металург загуби од Раднички со 29:24. Најефикасен во составот од Автокоманда беше Наумче Мојсовски со 9 голови.

Добривоје Марковиќ со 11 погодоци го предводеше составот на Вардар во 10. победа во СЕХА конкуренцијата, откако црвено-црните вечерва во Нашице, во дуел од 12. коло, го совладаа хрватскиот тим Нексе со 30:27.

Со новите бодови, Вардар се зацврсти на второто место на табелата, додека Металург остана на шестата позиција.

Следните настапи Металург и Вардар ќе ги имаат на почетокот на февруари следната година.

Последните два дуела во регионалното натпреварување за 2014 година се играат утре.

Двојките се: Веспрем – Војводина и Татран Прешов – Мешков Брест.

Табела: Веспрем 33 бодови (11 одиграни натпревари), Вардар 30 (12), ППД Загреб 24 (13), Мешков Брест 24 (10),
Татран Прешов 21 (11), Металург 11 (10), Нексе 10 (12), Раднички 7 (13), Војводина 6 (12), Борац 4 (12).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП