8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПогледнeте од каде доаѓаат парите на Apple

Погледнeте од каде доаѓаат парите на Apple

komp app

„Apple“ во моментов е компанијата со најголема пазарна капитализација во светот. Таа исто така генерира многу сериозни приходи и профит.

Како точно сепак се распределуваат нејзините приходи во однос на производите и услугите кои ги нуди?

За финансиската 2014-та година „Apple“ генерираше приходи во износ од 220.2 милијарди долари. Од нив 121.5 милијарди долари се од продажбата на паметните телефони „iPhone“. Ова е производот кој носи најголеми финансиски приходи на технолошкиот гигант.

Вториот најголем профитабилен производ се таблетите „iPad“, чија продажба изнесува 36.4 милијарди долари. Челната тројка на најуспешните производи на „Apple“ се оформува од компјутерите „Mac“, од кои се продадени уреди за 29.7 милијарди долари.

Приходите од музичката продавница „iTunes“ и софтвер изнесуваат 22.1 милијарди долари, додека од продажбата на додатоците за нивните уреди, „Apple“ генерира приходи во износ од 7.41 милијарди долари.

Со релативно помал дел од вкупните приходи се од плеерите „iPod“ кои и донесоа на компанијата 2.85 милијарди долари.

Иако ги има овие преголеми бројки, „Apple“ дури не е на прво место по приходи. Приходите на најголемиот синџир за трговија на мало во светот „Wal-Mart“ изнесуваат 483.7 милијарди долари. Потоа е рангирана компанијата „Exxon Mobil“ со приходи во износ од 392.8 милијарди долари, а „Apple“ доаѓа дури на третото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП