18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилијардерите кои заработија и загубија најмногу во 2014-та

Милијардерите кои заработија и загубија најмногу во 2014-та

dzek ma 43

Еве една вест која може малку да го израдува основачот на „Alibaba“ Џек Ма. Помеѓу сите милијардери во светот неговата состојба забележа најголем скок во оваа година.

Во период од една година богатството на основачот на „Alibaba“ дојде до 29.2 милијарди долари, во споредба со малку над 10 милијарди долари пред тоа, според „Wealth-X“. Ова претставува зголемување од 175%, што го прави милијардерот со најголем скок во оваа година.

Ворен Бафет се рангираше на второто место со зголемување на личното богатство од 13.5 милијарди долари, или 23%, до вкупно 72.6 милијарди долари во 2014-та година. Богатството на основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс се зголемило со 10.5 милијарди долари во 2014-та година и веќе достигна 83.1 милијарди долари.

Најголем губитник, според „Wealth-X“, е рускиот милијардер Леонид Микелсон, чие богатство се намали од 17 на 10 милијарди долари.

Еве и кои се најголемите добитници и губитници меѓу милијардерите во оваа година:

Добитници:

5. Патрик Драхи

Состојба во декември 2013-та: 7.8 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 12.9 милијарди долари.

Зголемување: 5.1 милијарди долари, + 65%.

4.  Марк Цукерберг

Состојба во декември 2013-та: 24.7 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 33.1 милијарди долари.

Зголемување: 8.4 милијарди долари, + 34%.

3. Бил Гејтс

Состојба во декември 2013-та: 72.6 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 83.1 милијарди долари.

Зголемување: 10.5 милијарди долари, + 14%.

2. Ворен Бафет

Состојба во декември 2013-та: 59.1 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 72.6 милијарди долари.

Зголемување: 13.5 милијарди долари, + 23%.

1. Џек Ма

Состојба во декември 2013-та: 10.7 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 29.2 милијарди долари.

Зголемување: 18.5 милијарди долари, + 173%.

 

Губитници:

5. Шелдон Аделсон

Состојба во декември 2013-та: 35.3 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 30.1 милијарди долари.

Загуба: 5.2 милијарди долари, -15%

4. Џеф Безос

Состојба во декември 2013-та: 34.4 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 28.9 милијарди долари.

Загуба: 5.5 милијарди долари, -16%.

3. Луј Че Ву

Состојба во декември 2013-та: 19.6 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 14.1 милијарди долари.

Загуба: 5.5 милијарди долари, -28%

2. Масајоши Сон

Состојба во декември 2013-та: 19.1 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 13.2 милијарди долари.

Загуба: 5.9 милијарди долари, -31%.

1. Леонид Микелсон

Состојба во декември 2013-та: 17 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 10 милијарди долари.

Загуба: 7 милијарди долари, -41%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП