22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНовиот BlackBerry® Passport за супериорно корисничко искуство во 4G LTE мрежата на...

Новиот BlackBerry® Passport за супериорно корисничко искуство во 4G LTE мрежата на Вип

vipom

Повторно ексклузивитет на македонскиот пазар на напредни мобилни комуникации. Вип на корисниците во Македонија им го претставува новиот BlackBerry® Passport паметен телефон.

По своите карактеристики, технички можности и дизајн, новиот BlackBerry паметен телефон е уште едно навистина уникатно, елегантно и пред сѐ напредно технолошко решение.

Одличните перформанси со кои се одликува BlackBerry® Passport совршено го надополнуваат супериорното корисничко искуство, во поглед на голема брзина, стабилност и квалитет,кое го нуди напредната 4G LTEмрежа на Вип која со најновите инвестиции достигна покриеност од над 40% од населениетово 13 градови во Македонија и го зaдржа приматот на 4G LTEмрежа со најголема покриеност во Македонија.Имено, по воведувањето на 4G LTE во јули во Скопје, Охрид, Штип, Струмица, Куманово, Битола и Прилеп, од сега и корисниците во Велес, Тетово, Гостивар, Струга, Кочани и Кавадарци можат да уживаат во 4G LTE брзините.

– Горди сме што ја продолжуваме традицијата да бидеме првиот оператор кој на корисниците им ги овозможува најзначајните новитети во светската индустрија на напредни мобилни комуникации. Со новиот уникатен BlackBerry® Passport,кој е ексклузивно достапен во Вип, одново докажуваме дека ги знаеме очекувањата и желбите на корисниците и дека сме подготвени соодветно да одговориме на нив, нудејќи им нови можности за искористување на супериорните перформанси и најголемата покриеност со нашата 4G LTE мрежа – изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.

„Срцевината“ на новиот BlackBerry® Passport ја сочинуваат четиријадрениот процесор кој работи на 2.2 GHz; 3GB работна меморија(RAM)и дури 32GB интерен простор за чување податоци. На уредот се вградени и две камерикои даваат можност за снимање фотографии и видеа со HD резолуција – задна, со одлични 13 мега пиксели и предна, со 2 мега пиксели. Дополнително, новиот BlackBerry® располага со 4.5 – инчен екран на допир со висока густина на пиксели што овозможува прикажување на неверојатно јасни, прецизни и живописни слики и видеа.  Уште една уникатна карактеристика е неговата форма во облик на квадрат со што се добива одлична прегледност, особено при прелистување на интернет страници, читање e-mail пораки, документи, табели и др.На уредот елегантно е вклопената и физичка тастатура која на корисниците им нуди брзо и прецизно пишување e-mail пораки, статуси на социјалните мрежи и други видови текстуални содржини. BlackBerry® Passport работи на најнапредниот оперативен систем BlackBerry® 10преку кој на корисниците им стануваат достапни голем број интересни и полезни апликации кои можат да се користат истовремено.

Сите овие напредни, уникатни карактеристики го прават новиот BlackBerry® Passportодличен избор за сите корисници, особено за деловните луѓе кои знаат како да го искористат максимумот од можностите што ги нуди овој паметен уред, во функција на зголемување на ефикасноста на нивниот бизнис.

За нив, како и за останатите корисници, новиот  новиот BlackBerry® Passportвеќе од денес е достапен само во продажните места на Вип по промотивна цена од6.999денари во тарифниот модел Vip Free+ NoLimit+, со договорна обврска на 24 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП