22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo за два дена заработи 68 милиони долари

Yahoo за два дена заработи 68 милиони долари

ikgChoyTF5sk-640x330

Кога станува збор за поврат на инвестициите, ова е исклучителна година за „Yahoo“. Но оваа година стана уште подобра кога „Hortonworks“ стана јавна компанија.

„Yahoo“ имено поседува 17 проценти од акциите на оваа компанија. Акциите се продаваат по цена од 25 долари, што е над почетната цена на иницијалната јавна понуда, која изнесуваше 16 долари. Тоа за „Yahoo“ значи заработка од 68 милиони долари.

Сепак, тоа е ништо во однос на износот кој „Yahoo“ го заработи во време на иницијалната јавна понуда на компанијата „Alibaba“, кога компанијата заработи дури 5 милијарди долари.

„Yahoo“ не е единствена компанија која профитираше од фактот дека „Hortonworks“ добро помина на иницијалната јавна понуда. Компанијата „Hewlett-Packard“ заработи 51 милион долари, а „Teradata“ 72 милиони долари. Роберт Бирден, која стана ЦЕО на „Hortonworks“ во 2012 година, има удел од 6 проценти кои во моментов вредат 60 милиони долари. Не е познато колку заработиле самите основачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП