5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW: Паркирање со помош на паметен часовник (фото)

BMW: Паркирање со помош на паметен часовник (фото)

saat bmw

Германскиот производител на Меѓународниот сеам за електроника (CES) во Лас Вегас ќе претстави систем за далечинско паркирање на автомобилот без возач.

Исто како некои други производители, како што се „Ford“ или „Volvo“, и „BMW“ развива систем со чија помош возачот ќе може да го паркира својот автомобил во гаража или на јавен паркинг, а притоа да немора воопшто да биде во возилото или во негова близина.

saat bmw1

Системот му овозможува на возачот да го напушти автомобилот веќе на влезот од гаражата и да ја активира програмата за паркирање со помош на својот паметен часовник.

Потоа, сопственикот на возилото повеќе нема потреба да размислува за својот автомобил, додека не се врати по него во гаража, автомобилот сам ќе си пронајде соодветно паркинг место и ќе изврши маневар за паркирање.

saat bmw2

Исто така, возачот по потреба може да испрати инструкции до автомобилот во било кое време да се паркира или да чека на излезот од гаражата.

Овој систем се уште е во фаза на прототип и ќе биде претставен на електричниот модел „i3“, a „BMW“ планира да им го понуди на купувачите на следната генерација на „Serieѕ 7“, која ќе се појави на пазарот во 2015-та година.

saat bmw3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП