Според информациите од Кина, „Xiaomi“ во текот на 2013-та година има остварено профит од 56.15 милиони долари, а приходите на компанијата изнесувале 4.3 милијарди долари.
Извршниот директор, Леи Џун, има во своја сопственост 77.9% од „Xiaomi“, додека неименувани акционери го имаат остатокот.
Оперативната добивка изнесувала 78.5 милиони долари, а оперативната маргина изнесувала помалку од 2%, што е големо заостанување зад водечките, „Apple“ и „Samsung“.
„Apple“ во текот на 2013-та имаше приходи во Кина кои изнесуваат 24.5 милијарди долари, што е скоро шест пати подобро од резлутатите на „Xiaomi“ во оваа земја. Оперативната добивка на „Apple“ беше 8.5 милијарди долари, што е за околу 150 пати повеќе отколку што „Xiaomi“ заработи во целата 2013-та година.