25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMini со две премиери во Женева

Mini со две премиери во Женева

mini nova

„MINI“ на 83-тиот меѓународен саем за автомобили во Женева ќе има две премиери. Посетителите на штандот на овој произведувач покрај останатото ќе можат да ги видат „John Cooper Works“ верзијата на најновиот модел „Paceman“ и специјалното „Bond Street“ издание на „MINI Clubman“.

„MINI Paceman-John Cooper Works“ е најснажната верзија на овој модел, кој стандардно е опремен со „ALL4“ систем со погон на сите четири тркала, спортска суспензија и 18-инчни алуминиумски фелни.

mini2

Под хаубата се наоѓа проверениот 1.6 литарски четирицилиндарски турбо-бензински мотор со директно вбризгување кој развива 218ks со максимален врежен момент од 280 Nm. Снагата се пренесува на тркалата со шестостепен мануелен менувач.

Контролата на електорониката на„ ALL4“ системот е интегрирана во системот за динамичка контрола и допринесува распоредот на снагата многу бргу и прецизно да се прилагодува на одредените ситуации. Тоа му овозможува на овој автомобил одлична контрола и прилагодување на нерамен терен, како и екстремно спортски перформанси во кривините.

mini3

„MINI Clubman Bond Street“ е еден од темелите за глобалната популарност на MINI автомобилите, поради големиот избор на опрема и додатоци кои практично секој примерок можат да го претворат во единствен автомобил, според желбите на сопственикот.

Овој модел ќе биде понуден во посебна „Midnight Black“ металик боја, со детали во контрасна „Cool Champagne“ нијанса. Во шампањ боја се офарбани, кровот,ретровизорите, столбовите и елементи на задниот браник околу стоп-светлата.

mini4

„MINI“ дизајнираше и специјални 17-инчни алуминиумски фелни, а ексклузивниот „Clubman“ ќе има и „Bond Street“ ознаки на страните. „Clubman Bond Street“ ќе биде достапен во верзијата „Cooper“ со мотор од 122ks и поснажна „Cooper S“ варијанта од 183ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП