18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНеможат да произведат доволно „шестки“, а веќе работат на „7“

Неможат да произведат доволно „шестки“, а веќе работат на „7“

a 9 pro apple

„Samsung“ за „Apple“ веќе започна да ги произведува новите „A9“ процесори кои ќе се користат во „iPhone 7“ и кои ќе бидат побрзи и ќе трошат помалку енергија од актуелните процесори.

Моделите на „Apple“, „iPhone 6“ и „6 Plus“ се многу барани и во САД многу тешко може да се најдат во продавниците. Како што пренесува „Business Insider“, aналитичари ја следат состјбата на двете верзии на „iPhone“ и пресметале дека само 56% од уредите се во продажба.

Кон крајот на ноември при слична проверка, состојбата беше дури за 2 проценти подобра. Инаку, се очекуваше дека „Apple“ ќе успее да го подигне производството и да има 80% уреди кои ќе бидат расположливи за корисниците. Врз темел на ова се очекува дека и приходите на „Apple“ ќе бидат поголеми за 3-5%.

Додека во „Apple“ работат за да ја задоволат побарувачката на актуелниот „iPhone“ пред празниците, веќе се работи и на „iPhone 7“.

Иако на пазарот за смартфони се главни конкуренти, „Samsung“ за „Apple“ ќе ги произведува „A9“ процесорите кои ќе се користат во следниот телефон на компанијата од Купертино. Тој ќе биде побрз и ќе троши помалку струја во однос на актуелните процесори. Како што пренесува „TechTimes“, „Samsung“ во својата фабрика во Тексас веќе започна да ги произведува првите примероци на новиот процесор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП