15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФакултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС прворангиран во Македонија

Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС прворангиран во Македонија

amerikan

Престижната датабаза на публикации од областа на економијата и бизнисот ИДЕАС/Репек, го рангираше Факултетот за деловна економија и организациони науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје  на првото место , од вкупно 17 економски факултети и економски истражувачки институти во Република Македонија

Рејтингот на ИДЕАС/Репек се постигнува според публикациите на регистрираните автори и претставува комбинација на бројот на публикуваните трудови и на други меѓународни публикации, како и од рангот на списанието во кое се објавени. ФДЕИОН при УАКС има вкупно 28 наставници кои се регистрирани во датабазата ИДЕАС/Репек.

Инаку, сите факултети од областите на бизнис, економија, статистика, бизнис информациски системи и со нив поврзнаи области се листирани на ИДЕАС/Репек. Рангирањето се врши според публикации во над 1000 списанија и научни публикации со меѓународен карактер ширум светот. Сите  имаат свој импакт фактор. Бројот на публикации и големината на импакт факторот се користат при рангирањето на факултетите и институтите во рамки на секоја земја, како и на глобално ниво.

Она што го прави ова признание особено значајо , според Никица Мојсоска Блажески, декан на Факултетот за деловна економија и организациони науки,  е фактот што рангирањето се случува во време кога не постои национално рангирање по области. Треба да се има предвид и дека повеќето од универзитетите се мошне разнолични по научните области што ги покриваат. За нашиот факултет , смета  Мојсоска Блажески, е важно  да може да се спореди со другите економски факултети, бидејќи споредбата само меѓу универзитетите не е доволна. Универзитетите се разновидни по научните области што ги покриваат и може да се добри во една област, а помалку добри во друга.  ИДЕАС/Репек ,  институција формирана од Федералната банка во Сент Луис во САД,  ја дава таквата можност: Таму се листирани 17 економски факултети и институти од Македонија. Рангирањето е направено според бројот на научни публикации и квалитетот на списанијата каде што тие се објавени, мерено според импакт факторот. Според овие критериуми, нашиот Факултет за деловна економија е рангиран на првото место.

Ова признание, според Марјан Петрески, проректор на Универзитет Американ Колеџ Скопје, покажува дека УАКС – Факултетот за деловна економија е висококвалитетна образовна институција која може да се споредува со најдобрите меѓународни школи од областа на економијата и бизнисот. Тоа значи дека младите луѓе во Македонија ќе можат да добијат мошне квалитетно образование во земјата, без потреба да студираат на странски универзитети и тоа по навистина конкурентна цена.

УАКС беше рангиран и на високото второ место на националната Шангајска листа во областа на истражувачката работа во општествените науки. Главен удел во тој резултат има токму Факултетот за деловна економија. На тоа се особено горди, сооглед на фактот што на другите универзитети пласманот на оваа листа го „извлекуваат“ истражувачите од природните и техничките науки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП